Шпанскиот тим Реал Сосиедад во претпладневниот термин го одржа својот последен тренинг во пресрет на утрешниот натпревар со Вардар (21.05 часот) во рамките на Лигата на Европа. Тренерот Еузебио Сакристан бара максимална сериозност од своите фудбалери, истакнувајќи дека пред нив е значаен европски натпревар. Иако Шпанците славеа со убедливи 0-6 на првиот меч во Скопје, не дозволуваат ниту најмало опуштање во пресрет на утрешниот нов дуел.
Тренерот Еузебио Сакристан го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за мечот со Вардар. На него не се наоѓаат повредените Карлос Мартинез, Диего Љоренте, Кевин Родригез, Рубен Пардо, Јон Гуриди, Карлос Вела и Иманол Агирече.
„Пред нас е значаен натпревар во Лигата на Европа. Посакуваме нов триумф и максимално сме посветени на тоа“, изјави Сакристан за шпанските медиуми по завршувањето на тренингот.
? Último entrenamiento antes del partido de mañana! Encuentro importante ??? #EuropaRS #UEL #RealSociedad pic.twitter.com/6U8axhhITf
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) November 1, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА