Спречен терористички напад: Најдена бомба крај „Паркот на принцовите“ во Париз

Француската полиција се пофали дека спречила сериозен терористички напад во близина на стадионот „Паркот на принцовите“, пред одигрувањето на натпреварот од француското првенство меѓу ПСЖ и Бордо.

Експлозивна направа составена од четири цилиндри и полиена со бензин била пронајдена во близина на стадионот на ПСЖ, само неколку часа пред почетокот на саботниот натпревар. Истата експресно била неутрализирана, а веднаш биле уапсени и пет лица поврзани со нападот.

„Направата била оперативна, а била пронајдена од жител на зграда во близина на стадионот, кој ја повикал полицијата. Уапсени се пет лица, од кои еден е познат исламистички радикал“ – објави француската полиција.

Се вчитува...