Српски тенисер настрада од „залутан“ рекет - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/05/2017 20:09
Фудбал
23/05/2017 17:45
Кошарка
23/05/2017 17:06
Фудбал
23/05/2017 14:20

Српски тенисер настрада од „залутан“ рекет

Српски тенисер настрада од „залутан“ рекет

Шведскиот тенисер Патрик Розенхолм, кој моментно е на 541. место на АТП листата, на ИТФ турнирот во италијанскиот Содрио, губеше во дуелот со Лука Панкалди. Во еден момент Розелхолм се изнервира и го фрли рекетот во церадата што ги одбвојува терените.

Но, случајно, од „залутаниот“ рекет настрада Србинот Илија Вучиќ, моментно 692 играч во светот. Рекетот го погодил директно во лицето несреќниот Вучиќ кој од ударот остана без два заба и итно е пренесен во болница.

„Не можам да верувам што ми се случи. Ми скрши два и за малку и третиот заб. Кога ќе се вратам дома ќе морам да одам на операција“ – изјави Илија Вучиќ за српските медиуми.

Илиќ заврши во болница, а нервозниот Розенхолм е дисквалификуван од турниорот и казнет со 500 долари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.