Стартува новата сезона во СЕХА лигата, Вардар ја брани титулата

Со дуелот меѓу Татран Прешов и Мешков Брест, денеска (17.15 ч.) ќе биде означен стартот на осмата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Денеска се играат уште два натпревари од 1.коло, во Нови Сад е српскиот дуел меѓу повратникот во СЕХА,  Војводина, и дебирантот во регионалното натпреварување, Динамо Панчево, а во Велење е словенечкото дерби меѓу Горење и Целје. На 31 август, Загреб го пречекува Целје.

На крај од првата рунда, на 2 септември Металург  во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува Вардар, во првата меѓусебна пресметка на двата скопски ривали во новата сезона.

Во регионалната СЕХА лига и сезонава ќе се натпреваруваат десет екипи од кои најдобрите четири екипи во регуларниот дел, ќе се борат за титулата на Ф4 турнирот. Вардар ја брани титулата, а во отсуство на Веспрем во кругот на фаворити со „црвено-црните“ остануваат ППД Загреб, Горење и Мешков Брест.

Покрај Веспрем кој го откажа настапот во СЕХА лигата, од ланските учесници отпадна Извиѓач, а во регионалната лига се вклучени две екипи од Србија – Војводина и Динамо.

Во досегашните седум изданија на регионалната СЕХА лига, Вардар е најуспешен учесник со три шампионски титули, по две титули имаат освоено, Веспрем и  ППД Загреб кој заедно со Вардар е еден од клубовите  настапуваат во лигата од првата сезона.

СЕХА лига, 1.коло:

30 август

Татран Прешов – Мешков Брест (17.15 ч.)

Војводина – Динамо Панчево (19.00 ч.)

Горење – Целје ПЛ (20.45 ч.)

31 август

ППД Загреб – Нексе (20.30 ч.)

2 септември

Металург – Вардар (17.45 ч.)

Се вчитува...