Тијаго Силва: Еден ден ќе се вратам во Милан…

Бразилскиот дефанзивец од редовите на Пари Сен Жермен, Тијаго Силва, не ја исклучи можноста еден ден да се врати во Милан, клуб каде помина неколку добри сезони. Тој го напушти Милано во 2012 година, но беше неколкупати поврзуван со негово враќање на „Сан сиро“.

„Јас ја оставив вратата отворена за враќање во Милан. Таму имам многу пријатели и носам само добри спомени. Секогаш се обидувам да останам во контакт, со клубот кој има големо значење во мојата кариера. Леонардо беше многу важен за мене, Галијани, Берлускони, тие ми ја отворија вратата во тимот. Секогаш ќе им бидам благодарен“ – истакна Тијаго Силва.

Бразилецот го носеше „црвено-црниот“ дрес од 2009 до 2012 година и за тој период настапи на вкупно 119 натпревари и шест пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...