Томас Милер бега од Анчелоти... кај Жозе Мурињо - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
20/09/2017 17:32
Фудбал
20/09/2017 15:30
Ракомет
20/09/2017 13:46
Кошарка
19/09/2017 18:29

Томас Милер бега од Анчелоти… кај Жозе Мурињо

Томас Милер бега од Анчелоти… кај Жозе Мурињо

Томас Милер е отворен за преселба во Манчестер јунајтед доколку англискиот гигант повторно испрати сериозна понуда за неговите услуги. Луј ван Гал во 2015 година се обидуваше да го доведе Милер на „Олд трафорд“, испрати и богата понуда што беше одбиена од страна на Баерн Минхен, но и од самиот фудбалер кој избра да остане на „Алијанц арена“. Сепак, ситуацијата овојпат е поинаква, Милер веќе не е ниту стандарден првотимец, камоли лидер на тимот, па германскиот ас незадоволен од статусот кај Карло Анчелоти сериозно ја разгледува можноста за заминување од Минхен.

„Тогаш понудата беше одлична, но управата застана цврсто зад мене, покажа огромна поддршка и решив да останам. Јасно дека тоа веќе не е случај, па се може да се случи во следниот период. Минав долги години во Баерн, но не значи дека ќе останам овде до крајот на кариерата. Па и Бастијан Швајнштајгер си замина од Минхен во Манчестер јунајтед, тоа нема да биде ништо ново“ – истакна Милер.

На потег е управата на Баерн, која според германските медиуми е подготвена дури и за разделба од Анчелоти, само за да го задржи Милер, но и уште неколкуте ѕвезди на баварскиот гигант кои се незадоволни од работата на италијанскиот стручњак.

Жозе Мурињо летово се интересираше за Гризман, тој трансфер пропадна поради неможноста на Атлетико да доведе адекватна замена, па интересно ќе биде да се види дали „специјалниот“ ќе го насочи вниманието кон Милер или ќе го чека францускиот ас до следното лето.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.