Тотенхем го реши Јунајтед за збогум од „Вајт харт лејн“

Тотенхем славеше со 2-1 над Манчестер јунајтед во својот последен домашен меч сезонава, воедно и последен натпревар што „спарси“ го одиграа на својот стадион „Вајт харт лејн“, кој за петнаесетина дена ќе биде урнат и на негово место ќе биде изграден нов супермодерен стадион.

Избраниците на Маурицио Покетино видно мотивирани влегоа во мечот, целосно доминирајќи во првото полувреме. Ванијама на самиот почеток го отвори резултатот со прецизен удар со глава, но водството можеше да биде и многу поубедливо доколку Де Хеа не одбранеше неколку зицери на „спарси“, а обидот на Кејн наместо во гредата завршеше во мрежата на гостинскиот тим.

Кејн успеа да го матира Де Хеа за водство од 2-0, по што Мурињо реши да уфрли дел од своите главни адути на теренот, па на теренот најпрвин влегоа Мхитаријан и Ерера, потоа и Рашфорд. „Ѓаволите“ успеаја да го ублажат поразот преку Вејн Руни, но немаа сили да стигнат барем до бод на ова тешко гостување.

Се вчитува...