Трајковски го водеше Охрид до дерби триумф против Пелистер (28-24)

Ракометарите на Охрид ја добија големата дерби пресметка со Пелистер на отворањето на вториот дел од шампионатот во Суперлигата на Македонија.

Во дерби дуелот од 15. коло охриѓани на домашен терен славеа со 28-24 (16-10), во натпревар во кој одличен на голот на домашните беше репрезентативниот голман Трајковски.

Охрид доминираше комплетно во првиот дел, доаѓајќи до предност од плус пет гола уште во 15. минута. На полувремето се замина со предност од 16-10.

Во вториот дел гостите се обидоа да дојдат до пресврт но ниту најмалку не успеаја да парираат на расположениот охридски состав, кој на крај триумфираше со 28-24. Трајковски во финишот имаше шест врзани одбрани што донесе до конечна победа.

По овој триумф, Охрид се израмни со 11 победи колку и Пелистер на врвот од табелата. Најдобар во триумфот беше Кезиќ со шест погодоци, додека кај Пелистер најефикасен беше Везенковски со седум погодоци.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...