Треневски: Добивме ривал од Сан Марино, но нема да се опуштиме - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Останато
22/10/2017 20:35
Останато
22/10/2017 16:31
Фудбал
22/10/2017 16:26
Фудбал
22/10/2017 14:17

Треневски: Добивме ривал од Сан Марино, но нема да се опуштиме

Треневски: Добивме ривал од Сан Марино, но нема да се опуштиме

Работнички доби убедливо најлесен противник од сите македонски клубови на денешниот ждреб во Нион.„Романтичарите“ ќе играат против Тре Пене, претставник од Сан Марино, во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. Првиот меч Работнички ќе го игра на домашен терен, а потоа ќе гостува во Сан Марино.

Тренерот Виктор Треневски е задоволен од ждребот, но вели дека тимот не смее да се опушти, само затоа што ривалот доаѓа од Сан Марино.

„Тре Пене беше еден од посакуваните противници. Можеби сакавме да ја избегнеме единствено Зета. Го добивме Тре Пене за ривал, претставник од Сан Марино, но тоа не значи и дека не очекуваат супер-лесни натпревари. Ќе се подготвиме сериозно и секако дека сме фаворити, како што впрочем Работнички беше и носител според рејтингот пред денешниот ждреб во Нион. Но, ќе им напоменам добро и на фудбалерите. Ние најмногу се мачевме во првенството на тие, условно, ’полесни’ натпревари за играње“, изјави Виктор Треневски за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.