Треневски: Силекс е еден од најтешките противници, но ние бевме поквалитетни - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/03/2017 11:08
Фудбал
22/03/2017 14:02
Фудбал
22/03/2017 13:04
Фудбал
22/03/2017 11:21

Треневски: Силекс е еден од најтешките противници, но ние бевме поквалитетни

Треневски: Силекс е еден од најтешките противници, но ние бевме поквалитетни

„Романтичарите“ со победата над Силекс на „Телеком арената“ од 2-0, го одиграа и десеттиот последователен натпревар во кој не знаат за пораз.

Стратегот Виктор Треневски е задоволен што пред репрезентативната пауза неговиот тим освои нови три бода.

„Силекс дефинитивно е еден од најтешките противници во вториот дел од првенството. Иако немаа многу шанси за гол, на теренот покажаа дека се цврсти, дисциплинирани и агресивни. Ние бевме поконкретни во нападот, создадовме неколку шанси  во првото полувреме кои можевме да ги крунисаме со гол, сепак презадоволен сум и со овие два гола. До крајот на првенството имаме 13 кола, ние работиме напорно секој ден за да ги добиеме посакуваните резултати. Рано е да калкулираме бодови потребни за местото кое води во Европа, наредните противници ни се Вардар и Шкендија, два дерби натпревари на кои ќе треба да го дадеме својот максимум за да продолжиме со истото темпо“ – ни изјави Треневски по мечот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.