Трифун Костовски: Тоа што 15 години не е повторен успехот на Кометал јасно кажува за неговата тежина! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/07/2017 18:35
Кошарка
26/07/2017 17:12
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59

Трифун Костовски: Тоа што 15 години не е повторен успехот на Кометал јасно кажува за неговата тежина!

Трифун Костовски: Тоа што 15 години не е повторен успехот на Кометал јасно кажува за неговата тежина!

Главниот „виновник“ за најголемиот успех во македонската спортска историја, Трифун Костовски и по 15 години од европската титула на Кометал ЃП со еднакви емоции го доживува 19. мај.

Така е и вечерва на прославата на јубилејот на кој Костовски ги собра легендарните „кометалки“ на едно место…

„Ова е јубилејна 15-та година од европската титула на Кометал ЃП и затоа одлучивме да се собереме и потсетиме на тој успех. Но, за мене секој 19. мај е идентично моќен досега, и така ќе биде и во иднина. Емоциите силно навираат. Овој ден долго ќе остане во моја меморија, но верувам и во меморијата на македонскиот народ. Тоа беше момент на акумулирана силна желба да се стигне до успех и успеавме во тоа“ – вели Трифун Костовски во разговорот за ЕКИПА, за време на одбележувањето на 15-годишнината од европската шампионска титула.

IMG_1918

Трифун Костовски како творец на Кометал ЃП уште од 1994 година веруваше дека може да се стигне до европскиот врв.

„Да, ние решивме дека ќе ја освоиме европската титула, и тоа го реализиравме во 2002 година. По казната од ЕХФ по инцидентот со Гунар Прокоп во финалето претходната година, потоа враќањето на европската сцена беше доминантно. Во секој од нас гореше желбата да се освои Европа. Костурот на екипата остана ист, а во таа една година пауза поради казната имавме бројни турнири за да не се загуби натпреварувачкиот дух. Потоа почнавме од предквалификациите, па квалификации и се до славното финале преку кое ја покоривме тогаш силната женска европска ракометна сцена“ – коментира Костовски, и дополнува:

„Тоа што 15 години никој во Македонија не може да го повтори овој успех на Кометал ЃП, јасно покажува дека да се освои титула во било кое спортско натпреварување не е воопшто ни малку лесно, ни наивно… Затоа сакам да искажам поддршка за сите македонски екипи кои стремат кон тоа, како Вардар, да не застануваат и до крај да се носат со желбата за достигнување на врвот!“

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.