Црвена звезда и Антиќ со „стотка“ го потопија Партизан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Црвена звезда и Антиќ со „стотка“ го потопија Партизан

Црвена звезда и Антиќ со „стотка“ го потопија Партизан

Црвена звезда го растури на гостински терен Партизан со убедливи 84-100, во дерби дуелот од седмото коло во АБА-лигата. „Црно-белите“ влегоа во овој меч со серија од четири победи, но немаа лек за актуелните шампиони кои со феноменална игра во нападот (постигнаа 14 тојки) доминираа 40 минути и сосема заслужено се радуваа на убедлив триумф над вечниот ривал.

Црвена звезда го почна дуелот со серија прецизни шутеви од далечина, па откако Дангубиќ погоди за водство од 16-9, тренерот Николиќ побара тајмаут за Партизан за помалку од пет минути игра. „Црно-белите“ за момент се консолидираа и намалија на 17-18, но потоа во ритам влезе Лесорт, кој со шест поени во низа овозможи Црвена звезда резултатски повторно да се одлепи. Неколку шутеви погоди и Перо Антиќ, кој се вклопи во одличното издание на својот тим, па „црвено-белите“ заминаа на одмор со предност од 11 поени (42-53).

Македонецот со тројка го отвори второто полувреме, но потоа Партизан во неколку наврати успеваше да јеа преполови предноста на актуелниот првак. Домаќините тргнаа фуриозно на стартот на последната четвртина, кога експресно стигнаа до 70-76, но Антиќ со влегувањето во игра внесе сигурност во одбраната, додека Бјелица погоди неколку шутеви од далечина и предноста на „црвено-белите“ експресно се врати над десет поени. Искусниот состав на Црвена звезда не дозволи изненадување во самиот финиш, па заслужено стигна до триумф на овој дерби дуел, петта победа за актуелниот првак на седмиот меч од АБА-лигата сезонава, со што се израмни со Цедевита, со еден триумф помалку од лидерот Будуќност.

Милко Бјелица беше клучен играч на оваа средба со 29 поени и пет скока, Антиќ реализираше 13 поени и осум скока за „црвено-белите“, додека најдобар стрелец на Партизан при поразот беше Величковиќ со 18 поени, додека Милер оствари дабл-дабл од 16 поени и 11 асистенции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.