Убава вест: Иван Класниќ доби нов бубрег

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и ѕвезда од Бундес-лигата, Иван Класниќ (37), синоќа е успешно опериран во болницата „Меркор“ во Загреб, објавија хрватските медиуми. Ова е негова трета успешна трансплантација на бубрег, а хируршкиот зафат го извршил абдоминалниот хирург Стипислав Јадријевиќ.

Се наведува дека донорот на бубрегот не е познат, но секако се знае дека не е ниеден член на семејството.

Класниќ за дисфункцијата на бубрегот дозна пред десет години, а по првата трансплантација неговото тело го отфрли бубрегот што го донираше неговата мајка. Најновите проблеми за него се појавија минатата година, кога откажа функцијата и на бубрегот што го донираше неговиот татко, па тој мораше да оди на дијализа три пати во текот на неделата.

 

Се вчитува...