Урош Луковиќ станува „морнар“

Центарот на КК Партизан, Урош Луковиќ ги договори условите со црногорскиот претставник во АБА лигата, КК Морнар. Центарот на „црно-белите“ преговараше во претходните неколку дена, а денес српските медиуми тврдат дека договор е постигнат и дека Луковиќ ќе биде новото засилување за екипата од Бар.

Раководството на клубот вели дека покрај Луковиќ, во завршна фаза е и ангажманот на Дерек Нидам, поранешниот црногорски репрезентативец кој треба да покрие позицијата организатор на игра.

Морнар претходно договори уште три играчи, а новиот тренер на клубот, Михајло Павичевиќ вели дека Морнар има големи амбиции, а тоа е да бидат меѓу четирите најдобри во АБА лигата. Луковиќ е огромно засилување за екипата која заврши на осмото место минатата сезона во Јадрансакта лига.

28-годишниот центар во Партизан пристигна минатата година, одигра 29 натпревари и бележеше просек од 8 поени и 5 скока по натпревар. Луковиќ е доста познат за македонската публика, во неговата кариера играше за Куманово, МЗТ Скопје и краток период за Кожув.

Се вчитува...