Валверде го ротира тимот на Барса за дуелот со Гирона - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Валверде го ротира тимот на Барса за дуелот со Гирона

Валверде го ротира тимот на Барса за дуелот со Гирона

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, ќе им даде одмор на дел од стандардните првотимци на претстојното гостување протви Гирона, на која каталонците ќе се обидат да стигнат до шестата победа во низа во Примера дивизион.

Откако на претходниот меч одмори Луис Суарез, овојпат со тимот воопшто нема да патуваат двајца стандардни играчи, десниот бек Семедо и крилниот офанзивец Деулофеу, кои ќе добијат заслужен одмор по добрите игри во последно време. Се очекува на местото на Семедо шанса да добие Алеиш Видал, додека улогата на крилен офанзивец најверојатно ќе му припадне на Денис Суарез, кој заедно со Меси ќе биде поддршка за најистурениот Луис Суарез.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.