Венгер го пријави Дени Илиев во составот на Арсенал за Премиер – лигата!

Англискиот премиерлигаш Арсенал го пријави македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев во составот со кој ќе се натпреварува во Премиер – лигата оваа сезона. Менаџерот Арсен Венгер одлучи да го вклучи Илиев на списокот на својот тим, а го изостави Санти Казорла, кој долг период се мачи со повреда и нема да се опорави најмалку до јануари.

deni iliev - premier

Во составот на „топчиите“ се вклучени и Алексис Санчез и Месут Озил, главните ѕвезди за кои низ текот на летниот преоден рок се шпекулираше дека ќе го напуштат „Емирати“. Сепак, иако и двајцата влегуваат во последната година од договорите со клубот, Арсенал реши да ги задржи и да не ги продава.

Дени Илиев во моментот заедно со репрезентацијата на Македонија се наоѓа во Хаифа, во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Израел во циклусот за СП 2018 во Русија.

Се вчитува...