Охрид направи голем пресврт против Загреб и со реми 30-30 обезбеди место во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“.
Загреб во поголем дел од натпреварот имаше контрола и во еден момент водеше со пет гола разлика. Сепак, домаќинот не се предаде и во драматичната завршница успеа целосно да се врати во игра.
Најзаслужен за големиот пресврт беше голманот на Охрид, Славиќ, кој имаше фантастична партија со вкупно 13 одбрани, од кои дури девет во второто полувреме.
Во финишот Славиќ двапати интервенираше во клучни моменти, а Џукиќ погоди за 30-30. Загреб имаше уште шест секунди за последен напад, но не успеа да реализира.
Со ова, Охрид си обезбеди место во големото финале, каде што ќе се соочи со Вардар. Најефикасен кај домаќините беше Доминик Мате со шест гола, додека Славиќ со своите одбрани беше еден од главните херои на неверојатниот кам-бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
