Вардар е првиот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако во директниот дуел за првото место во групата А го совлада Тримо Требње со 28-26. По првото полувреме резултатот беше израмнет 11-11.
Словенците долго време му пружаа сериозен отпор на македонскиот шампион, но Вардар во вториот дел го подигна нивото на игра и успеа да го скрши отпорот на противникот.
Со оваа победа, Вардар стигна до шест бода и го потврди првото место во групата А, со што обезбеди пласман во големото финале на турнирот.
Противникот на Вардар во финалето ќе биде победникот од дуелот во групата Б меѓу домаќинот Охрид и Загреб. Охриѓани имаат одлична позиција и со нерешен резултат ќе го обезбедат првото место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
