Арсенал на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во Англија. Против новиот премиерлигаш Ковентри, славеше лесна победа од 3-0 на „Емирати“, и ги освои првите три бода со „чиста мрежа“.
„Топчиите“ го решија победникот уште по првиот дел, кога имаа предност од 2-0. Најпрво Хаверц погоди, а потоа стрелаше и Сака за убедлива предност уште по првите 45. минути.
Само што почна вториот дел, Одегард погоди за 3-0, што беше и конечен резултат на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
