Венгер во јануари сака да го доведе Дракслер, и да му дозволи на Алексис да замине - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
21/10/2017 19:15
Ракомет
21/10/2017 18:28
Коментари
20/10/2017 19:35
Фудбал
19/10/2017 21:31

Венгер во јануари сака да го доведе Дракслер, и да му дозволи на Алексис да замине

Венгер во јануари сака да го доведе Дракслер, и да му дозволи на Алексис да замине

Англискиот премиерлигаш Арсенал и понатаму не знае како да го реши статусот на Алексис Санчез и на Месут Озил кои влегоа во последната година од договорот со клубот. Токму затоа, менаџерот Арсен Венгер размислува да им дозволи да си заминат во зимскиот преоден рок, при што „топчиите“ сепак би заработиле одредена сума од нивните трансфери, но и веднаш има испланирано нови засилувања.

Една од најголемите желби на Венгер е германскиот репрезентативец Џулијан Дракслер. ПСЖ ќе мора да продава во зимскиот преоден рок за да го задоволи финансискиот фер-плеј по ангажманот на Нејмар и на Мбапе ова лето, а тоа е знак за Арсенал да даде понуда за услугите на Дракслер. Раководството на „топчиите“ се надева дека за сума од 35 милиони евра ќе успее да го доведе на „Емирати“ одличниот офанзивен играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.