Вецлар го официјализира новиот договор со Миркуловски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
30/03/2017 14:48
Фудбал
30/03/2017 14:31
Фудбал
30/03/2017 10:28
Интервју
29/03/2017 16:15

Вецлар го официјализира новиот договор со Миркуловски

Вецлар го официјализира новиот договор со Миркуловски

Филип Миркуловски ја продолжи соработката со Вецлар до јуни 2018 година. Германскиот бундеслигаш денеска го официјализира потпишувањето на новиот едногодишен договор со македонскиот реперезентативец.

„Чест ми е да го носам дресот на Вецлар. Овде одлично се вклопивме и јас и моето семејство и се чувстуваме прекрасно во оваа средина. Имаме одлична атмосфера во тимот, што е многу важно за успех. Нашите тренери веруваат во нас и ние во нив. Имаме одлична сезона, во клубот се работи максимално професионално, а навивачите се одлични. На секој натпревар имаме одлична атмосфера и задно може да ги оствариме нашите цели. Овде во Вецлар се создава голем проект и за мене е чест што имам можност да бидам дел од сето тоа“ – изјави Филип Миркуловски за официјалниот сајт на клубот.

Продолжувањето на соработката со македонскиот плејмејкер од тренерот на екипата Каи Вандшнајдер беше поздравена како одличен потег со кој Вецлар добива искуство и квалитет.

Јас сум навистина среќен што Филип ја прифати понудата од Вецлар. Тој е пример за професионалец и извонредна личност. За мене Филип е еден од најдобрите плејмејкери во лигата што се во сенка. Тој има огромна улога во нашиот тим. Филип е тивок лидер со огромно искуство. И надвор од теренот од него имаме голема помош посебно во интегрирањето на новите играчи како што беше со доаѓањето на Бенјамин Буриќ или потоа со Стефан Чавор. Забавно е да се работи со него“ – истакнува тренерот на Вецлар, Каи Вандшнајдер.

Миркуловски  во Вецлар дојде летото 2015 година од тимот на Хановер во кој настапуваше една полусезона. Во Германија се пресели по кризата и распадот на шампионскиот тим на Металург, во кој беше 12 години.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.