Втторо место за Иџе во квалификациите во Белгија

ИГор Стефановски Иџе имаше одличен настап на денешните квалификации на патеката Цолдер во Белгија, во пресрет на утрешната трка од ЕТЦЦ шампионатот.

Откако беше најбрз на последниот тренинг, Иџе потоа извозе одлично и во квалификациите за пол-позицијата освојувајќи го второто место.

Пред Македонецот утрешната трка ќе ја почна единствено Норберт Наѓ од Унгарија, а зад Иџе ќе се најдат Фабио Мота и Швајцарецот Шрајбер.

Лидерот во генералниот пласман, Петр Фулин, поради проблеми со возилото не ги заврши квалификациите, па утре ќе стартува од последната позиција.

Се вчитува...