Зенит победи, но Блажевски фантастично погоди на „Крестовски“ (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Зенит победи, но Блажевски фантастично погоди на „Крестовски“ (ВИДЕО)

Зенит победи, но Блажевски фантастично погоди на „Крестовски“ (ВИДЕО)

Македонскиот првак Вардар го загуби и петтиот натпревар во групата од Лигата на Европа, откако на „Крестовски“ во Санкт Петербург доживеа минимален пораз (2-1) од рускиот Зенит. Но, Вардар успеа да постигне прекрасен погодок во самиот финиш, кога Дејан Блажевски со фантастичен волеј удар ја погоди мрежата на рускиот тим. Одигра многу подобро отколку на првиот меч во Скопје и го обели образот против моќниот руски клуб.

Зенит во првото полувреме оствари водство од 2-0, а стрелци на головите за рускиот тим беа Дмитри Полоз во 16.минута и Емилијано Ригони во 43.минута од натпреварот.

zenit - vardar
Со оглед на реномето на ривалот и фудбалската моќ што ја има Зенит, сепак, имаше и добри моменти од „црвено-црните“ на овој меч. Филип Гачевски успеа да одбрани пенал во првото полувреме, скротувајќи го ударот на Артем Ѕјуба во 27.минута.

Во вториот дел, Џамбул Џигаури и Фелипе Рибеиро неколку пати сериозно се заканија кон голот на Зенит, а Вардар успеа да упати осум директни удари кон голот на Лодигин.

rigoni
Но, во фудбалот сепак се бројат головите, а во тој елемент Зенит беше подобар, иако не и премногу надмоќен како на дуелот во Скопје.

Во 16.минута, Дмитри Полоз успеа да ја ја затресе мрежата на Гачевски. Доби употреблива топка по десната страна, се реши за шут откосо и го надмудри голманот на Вардар.

Десетина минути подоцна, вечерва очајниот дефанзивец Евгениј Новак направи пенал над Артем Ѕјуба. Истиот фудбалер се обиде да го реализира, но Филип Гачевски беше на висина на задачата и успеа да одбрани.

Вториот гол за Зенит дојде пред крајот на првото полувреме. Емилијано Ригони беше проигран по десната страна, упати проектил од 17 метри, и погоди во спротивниот агол од голот на Гачевски.

Во второто полувреме, Вардар беше рамноправен, на моменти и подобар противник. Фелипе се закани со удар од далечина, а Џамбул Џигаури во 72.минута беше најблиску до погодок. Шутираше од 16 метри, но Лодигин со одлична интервенција спречи да се тресе неговата мрежа.

Во завршницата и Дејан Блажевски шутираше од слободен удар од 25 метри, но само во добро поставениот голман на Зенит. И тогаш дојде вториот гол за Вардар во Лигата на Европа. Блажевски фантастично зафати волеј удар од 16 метри, по центрашутот на Фелипе, и ја смести топката во мрежата на Лодигин.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.