Зидан ќе стане селектор на Франција, а Јоаким Лев ќе ги предводи „кралевите“?

Францускиот стратег Зинедин Зидан ќе го напушти кормилото на Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона и ќе ја прифати понудата да стане нов селектор на Франција. Според „Мундо Депортиво“, тој веќе имал разговори со челниците на Фудбалската федерација на Франција и начелно дал согласност да седне на клупата на „триколорите“.

Дидие Дешамп ќе си замине по Светското првенство во Русија, а токму Зидан треба да биде неговиот наследник.

Но, и Реал Мадрид не седи со скрстени раце и наводно веќе ја договорил неговата замена. Флорентино Перез го посакува Јоаким Лев, актуелниот селектор на германската фудбалска репрезентација за нов тренер од идната сезона. И нему му истекува договорот по мундијалот во Русија, а раководството на „кралскиот клуб“ ќе му понуди да го преземе тимот на Реал Мадрид.

Се вчитува...