Зидан не го води Роналдо на мечот со Депортиво Ла Коруња

Реал Мадрид ќе биде без услугите на Кристијано Роналдо на вечерашниот меч против Депортиво Ла Коруња во шпанското првенство. Тренерот Зинедин Зидан не го вклучи Португалецот во составот за денешното гостување, иако „кралевите“ веќе немаат право на „кикс“ по поразот од Барселона на „Ел Класико“. Во моментот Реал Мадрид и Барселона имаат идентичен број бодови, а „кралскиот клуб“ има одиграно еден натпревар помалку, против Селта во Виго.

Повреден е и Герет Бејл, па јасно е дека Зидан на вечерашниот меч ќе се потпре на услугите на Карим Бензема и на Алваро Мората во нападот.

Се вчитува...