100 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија за Пол Погба

Пол Погба претходното лето се врати во Јувентус како слободен играч, но не успеа да му помогне на торинскиот клуб во турболентната сезона. Повредите го спречија францускиот репрезентативец да се прикаже во најдобро светло, па сезоната ја заврши со само 161 одиграна минута.

А, дали ќе има шанса да ја докаже љубовта кон торинскиот клуб во престојната сезона останува отворено прашање со оглед на богатата понуда од Саудиска Арабија. Имено, како што пренесуваат италијанските медиуми Погба, Ал Итихад му нуди 100 милиони евра по сезона за да настапува заедно со неговите соиграчи од репрезентацијата Карим Бензема и Нголо Канте.

Јувентус би добил значителна сума на пари како отштета од трансферот, пари што би биле огромен плус за Јуве во услови на голема криза, па се чини дека од овој трансфер би можеле да профитираат сите.

Погба утрово се врати назад во Торино токму од Саудиска Арабија, па се очекува во следните 48 часа да бидат појасни неговите планови за иднината.

Се вчитува...