12 милионското засилување на Челси заминува по само една сезона

Пјер Емерик Обамејанг кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ за 12 милиони евра од Барселона во ерата на Томас Тухел не се снајде во редовите на англискиот гигант по промената на германскиот стратег и ова лето ќе биде еден од оние на кои ќе им биде дозволено да заминат од клубот.

Голема е веројатноста габонскиот репрезентативец да се врати во редовите на Барселона каде помина кус, но успешен период. Каталонците се презадоволни од искусниот голгетер и на него гледаат како идеален играч кој ќе даде голем придонес во сезоната, а голем е интересот на самиот 33-годишник за камбек на „Камп Ноу“.

Единствениот проблем кој може да го запре трансферот се финансиските ограничувања кои повторно ја мачат Барселона. Доколку шпанскиот тим не успее да собере доволно средства, тогаш ќе мора да се сврти кон „ефтините“ опции, односно Роберто Фирмино и Маркус Турам чии договори истекуваат на крајот на сезоната и ќе бидат слободни да ја бираат новата средина.

Се вчитува...