16-годишник бираше помеѓу Реал Мадрид и Барселона (ВИДЕО)

Шестнаетгодишниот аргентински фудбалски талент Џанлука Престиани важи за еден од најдобрите играчи на својата генерација, а за тоа доволно говори и фактот дека играчот на Велез бирал која ќе биде неговата следна дестинација – Реал Мадрид или Барселона.

Според шпанските медиуми талентираниот Аргентинец ја одбрал понудата на Барселона и тој наскоро ќе стане нов фудбалер на каталонскиот гигант во трансфер вреден три милиони евра.

Се вчитува...