Цела прволигашка кошарка од 18. коло денеска во Скопје

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со три натпревари од 18. коло кои ќе бидат одиграни во главниот град. Два од нив ќе се одржат во СРЦ „Кале“ каде од 17 часот Работнички ќе се сретне со фенерџијата Струмица, а од 19 часот и 30 минути ТФТ ќе се обиде да им се врати на победите против Академија ФМП.

Од 20 часот и 30 минути не очекува интересен натпревар помеѓу Феникс 2010 и Кожув со кој ќе биде комплетиран богатиот кошаркарски ден пред утрешните предзици помеѓу Гостивар и Куманово, односно Пелистер и Еуро Никел.

Колото ќе биде комплетирано во вторник во Чаир каде дебитантот Чаир 2030 по триумфот против Пелистер ќе се обиде на домашен терен да изненади уште еден фаворит, овој пат актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Се вчитува...