26 фудбалери во комбинација за идеалниот тим на светот

Здружението на професионалните фудбалери (ФИФПро) соопшти дека 26 фудбалери се во комбинација за идеалниот тим за 2026 година.

ФИФПро соопшти дека во гласањето учествувале 19.806 професионални фудбалери од 75 земји и меѓу кандидатите за тимот на годината се наоѓаат најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.

Тука е добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн,, а вниманието го привлекуваат и имињата на Ламин Јамал, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Кристијано Роналдо, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам.

Идеалниот тим од 11 фудбалери ќе биде избран на основ на гласовите на фудбалерите, а ќе го сочинуваат, еден голман, по тројца дефанзивци, напаѓачи и играчи од средниот ред, како и еден играч кој добил најголем број на гласови без разлика на позицијата.

Се гласаше за периодот од 4 август 2025 година до 19 јули 2026 година, а за да бидат во конкиренција, фудбалерите мораше да одиграат најмалку 30 натпревари во тој период, додека за фудбалерките границата беше 20 натпревари.

Идеалниот тим на ФИФПро ќе биде познат на деветти ноември.

Кандидати за идеален тим:
Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Емилијано Мартинез (Астон Вила/Челси), Давид Раја (Арсенал).

Одбрана: Пау Кубарси (Барселона), Марк Кукуреља (Челзи/Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Габриел (Арсенал), Ашраф Хакими (ПСЖ), Нуњо Мендеш (ПСЖ), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн).

Среден ред: Џуд Белингам (Реал Мадрид), Бруно Фернандес (Манчестер Јунајтед), Енцо Фернандез (Челзи/Манчестер Сити), Педри (Барселона), Деклан Рајс (Арсенал), Родри (Манчестер Сити/Барселона), Витиња (ПСЖ).

Напад: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн), Хвича Кварацхелија (ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Лионел Меси (Интер Мајами), Мајкл Олисе (Баерн), Кристијано Роналдо (Ал Наср), Ламин Јамал (Барселона).

Се вчитува...