Озлогласениот водач на навивачите на Бока протеран од Шпанија

Шпанската полиција го депортира водачот на навивачите на Бока Јуниорс, Макси Мазаро.

Тој се обидел да влезе во Шпанија за да присуствува на големото Суперкласико меѓу Бока и Ривер Плата, но запрен е на аеродромот во Мадрид и депортиран назад во Аргентина.

Шпанците ги зголемија мерките на безбедност по информацијата дека аргнетинската полиција им дозволила на дел од најжестоките фанови на двата клуба да отпатуваат во Шпанија на презакажаниот меч. А, токму Мазаро е еден од најпроблематичните ликови на трибините, важи за еден од најопасните и најозлогласени навивачи на Бока, со дебело полициско досие.

Шпанската полиција ги презема сите мерки дуелот од Суперкласико да помине без никакви проблеми и конечно да биде одигран овој дуел кој два пати беше откажан поради навивачките нереди.

Натпреварот меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе се одигра в недела во Мадрид. Првиот дуел од финалето меѓу овие два клуба заврши со резултат 2-2.

Се вчитува...