Нови пинг-понг возбудувања во СЦ „Форца“

После паузата од два месеци продолжи пинг понгарското првенство во двете најсилни лиги. Во Супер лигата продолжува мртвата трка за првото место помеѓу екипите а Скопски Вардар и Прилепски Младост, кои се издвоија на првите две места на табелата, со ист број бодови.

Зад нив со два бода заостанување се скипите на Младост 96 и Телеком НЕЦ. Овие четири екипи се најсериозни кандидати за учество во плеј офот кој се игра после завршувањето на лигата. Во втората половина на табелата во борба за опстанок една од екипите на Шампион ФА, Работнички и УГД ќе се бори да го избегни седмото место и да се спаси од бараж натпреварот кој обезбедува опстанок во елитата доколку победи. На дното на табелата убедливо е последна екипата на битолски Мултитекс, која во досегашниот тек на првенството нема забележано победа и најверојатно од следната сезона ќе се натпреварува во понизок
ранг на натпревари

Најинтерсен натпревар од првите две кола одиграа Станојковски од Вардар и Лашкоски од Младост 96. Нивниот дуел заврши со победа на Станојковски во натпревар кој по резултатот е како реприза на нивниот натпревар од есенскиот дел на првенството. Лашковски поведе со 2:0 во сетови, но сепак на крајот славеше Станојковски со 3:2.

Во првата лига Радовиш и Кочани со победи го започнаа пролетниот дел на првенството и токму тие екипи се најсериозни кандидати за пласман во елитата од селдната сезона. Најинтересен натпревар во првата лига изграа Дебар Маало и Студент, Студент извојуваа тесна победа со 4:3. За опстанок во лигата ќе се борат екипите на Студент, Пелистер и Борец ТИМ. Екипите на Струга, Дебар Маало и Пошта 2 се во безбедна зона.

Резултати од Супер лига
Телеком НЕЦ – Младост 96 3:4
УГД – Вардар 1:4
Работнички – Шампион ФА 0:4
Младост Мултитекс 4:1

Работнички – Телеком НЕЦ 2:4
Шампион ФА – Младост 1:4
Мултитекс – УГД 0:4
Вардар Младост 96 4:2

Табела Супер лига

1. Вардар 17
2. Младост 17
3. Телеком НЕЦ 15
4. Младост 96 15
5. Шампион ФА 12
6. Работнички 12
7. УГД 11
8. Мултитекс 9

Резултати Прва лига
Студент – Струга 1:4
Борец ТИМ – Радовиш 2:4
Кочани – Пошта 2 4:0
Дебар Маало – Пелистер 4:0
Дебар Маало – Студент 3:4
Пелистер – Кочани 0:4
Пошта 2 – Борец ТИМ 4:0
Радовиш – Струга 4:0

Табела Прва лига

1. Радовиш 18
2. Кочани 17
3. Пошта 2 15
4. Дебар Маало 14
5. Струга 13
6. Пелистер 11
7. Борец ТИМ 10
8. Студент 9

Првенството продолжува следниот викенд во недела на 3 февруари во Скопје, исто така во СЦ Форца.

Се вчитува...