3×3: Даст Кафе победник на првиот зимски турнир

Освојувач на првиот 3х3 турнир во зимската лига е составот на Даст Кафе, кој во финалето славеше над Ангели Терминатори со 21-13. Тимот составен од Ервин Цого, Христијан Ристов, Марко Дујковиќ и Милорад Миновски доминираше на овој турнир, триумфирајќи на сите пет одиграни средби и заслужено стигна до трофејот.

Во групата фаза искусните „баскетџии“ славеа над 3х3 Аеродром со 21-17, и Феникс 2010, додека во разигрувањето во четвртфиналето славеа над Баду со убедливи 22-8, во полуфиналето се соочија со Водно Санс, меч кој го добија со 19-15.

Со освојување на овој турнир екипата на Даст Кафе се доближија на чекор до добивање на титулата „зимски шампион“.

Се вчитува...