„Ножичките“ на Роу скроија победа на Болоња во Неапол (ВИДЕО)

Патот на Наполи кон Лигата на шампионите за момент е „пресечен“ од ножичките на Џонатан Роу од Болоња, кој со феноменален гол донесе победа среде Неапол, и шокантен пораз за избраниците на Антонио Конте.

Се беше подготвено овој меч да заврши без победник, откако Наполи стигна негатива од два гола, но на крајот Болоња се радуваше. Сепак, Наполи и на две гола до крајот е блиску до обезбедување на ЛШ.

Бернардески во 10 минута донесе предност од 0-1, а кога Орсолини погоди од пенал во 34. минута, се чинеше дека Болоња ја има контролата на резултатот. Сепак, Ди Лоренцо во судиското надополнување од првиот дел и Алисон Сантос во 48. минута донесеоа „егал“, и доволно време Наполи да стигне до победа, и да стави печат на ЛШ.

Но, наместо тоа се случи спектакуларниот гол на Роу. Од левата страна шутираше еден играч на Болоња, топката се одби до Роу кои со ножички ја зафати топката, и ја спроведе го голот на Милинковиќ-Савиќ.

Елиф Елмас играше во последните 14 минути од средбата.

Се вчитува...