„3×3“ кошарката се враќа на сцена: Првиот турнир започнува оваа година

Зимската „3х3“ лига која е во огранизација на КФСМ и здружението „3х3 Македонија“ ќе започне на 27. декември оваа година, а првиот од четирите предвидени квалификациски турнири ќе биде одигран во СРЦ „Кале“.

Покрај овие четири ќе биде одигран и еден финален турнир, а во согласност со тоа дека сите турнири ќе бидат во знакот на ФИБА, зимскиот шампион покрај парична награда ќе добие и место за учество на ФИБА „Челингер“ турнирот.

Се вчитува...