Огромен беше шокот кај сите во Баерн Минхен откако тренерот Винсент Компани колабираше по еден од тренинзите на баварскиот гигант и со хеликоптер беше одведен на болничко лекување.
За среќа, состојбата во меѓувреме му се подобри, засега нема повеќе детали околу причината за колапсот освен дека најверојатно станува збор за преголем стрес. Поради тоа, управата на Баернн издаде забрана до сите вработени во клубот – да не смеат да разговаараат за фудбал со Белгиецот.
Тие можат да го контактираат тренерот, но темата никако не смее да биде фудбалска, се со цел тој максимално да се одмори и да се рехабилитира од мистериозната болест.
„Ќе му биде потребно време и ние сигурно нема да поставуваме никакви рокови. Клучно е да се утврди точниот здравствен проблем, што навистина се случи, а потоа ќе видиме колку ќе трае опоравувањето. Не говориме за денови, туку за недели, тоа ни е јасно на сите“, истакна спортскиот директор Макс Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
