41 поен на Ембид, значаен триумф на Далас и пораз на очајниот Њујорк

Филаделфија влезе во нова победничка низа во НБА лигата откако славеше со 124-115 против Хјустон во натпревар во кој одново блесна Џоел Ембид реализирајќи 41 поен и 10 скокови. На спротивната страна најрасположен беше Грин кој реализираше 20 поени и 5 скокови.

На победите им се врати и Далас кој забележа значаен триумф против Њу Орлеанс од 125-120 во драматична завршница во која пресуди лошата реализиција на Вилијамсон од линијата за слободни фралања. Ѕвездата на Пеликанс промаши шанса да го изедначи резултатот при резултат 121-119 на 17. секунди до крајот.

Ирвлинг и Хардавај реализираа 42 поени, 7 скокови и 7 асистенции, односно 41 поен за Далас во отсуство на Лука Дончиќ, додека трагичарот Вилијамсон со 30 поени беше прво има кај Њу Орлеанс.

Во драматична завршница беше решен и победникот во средбата помеѓу Њујорк и Орландо кој заврши со гостинска победа од 94-98. Очајниот домаќински тим постигна само еден поен за речиси седум минути игра па Меџик успеа да направи целосен пресврт за победа.

Мекбрајд со 20 поени беше лидер на Њујорк додека 20 поени и 6 скокови за Орландо постигна Банчеро.

Се вчитува...