53 поени на Јокиќ недоволни за победа на Денвер, Филаделфија преку Харден до изедначување со Бостон

Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во НБА лигата забележувајќи „далб-дабл“ учинок од 53 поени и 11 асистенции кои сепак не беше доволен за неговиот Денвер да слави во четвртиот натпревар против Феникс. Домаќинте на крајот се радуваа на победа од 129-124 со што ја изедначија четвртфиналната серија.

Нов одличен натпревар во победата на Санс имаше дуото Букер-Дурент кои го предводеа тимот со по 36 поени на кои бекот додаде и 12 асистенции, а крилото 11 скока.

Изедначена е и серијата помеѓу Бостон и Филаделфија откако во драматичен натпрева пресуден беше Џејмс Харден. Американецот погоди тројка на 18 секунди до крајот со што го постави конечниот резултат 116-115.


Во последниот напад на средбата Смарт реализираше за три поени, но по звукот на сирената за големо славје во „Велс Фарго“ центарот.

Со 42 поени, 9 асистенции и 8 скокови лидер на Филаделфија беше токму Харден, а на спротивната страна се истакна Тејтум со 24 поени, 18 скокови и 6 асистенции.

Се вчитува...