Додека трае Светското првенство, клубовите не мируваат. Реал Мадрид договори трансфери на Марк Кукуреља, Дензел Дамфрис и Бернардо Силва, а сега постигна договор и за нов договор со еден од актуелните играчи.
Станува збор за францускиот фудбалер Орелиен Чуамени, кој моментално е на Светското првенство во Северна Америка, каде што неговиот тим вечерва го игра четвртфиналниот натпревар против Мароко.
Актуелниот договор на Французинот важи до 2028 година, но во Мадрид не сакаа ништо да препуштат на случајноста и му понудија на Чуамени нов договор што ќе важи до 2031 година. Како што пренесува Фабрицио Романо, се е договорено и Французинот наскоро би требало да го потпише новиот договор со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
