Хасани се врати во Шкендија

Ферхан Хасани се врати во Шкендија. Поранешниот репрезентативец одново е во својот матичен клуб, и повторно се враќа меѓу “црвено-црните”.

Хасани беше дел од Шкендија од 2007 до 2012 и од 2015 до 2018 година.

„Во 2011 година заедно ја освоивме титулата шампион, а мојата желба е повторно да ја завршиме како шампион со Шкендија. Многу сум среќен што потпишав со Шкендија, со клубот во кој пораснав и кој е во моето срце. Не само што во минатото бев дел од Шкендија и заедно освоивме многу титули, туку денес се враќам да помогнам на тимот да го освои шампионатот и да направи успех во европските натпреварувања. Верувам дека се вратив во вистинско време. Во последните три години додека не бев дел од Шкендија, стекнав големо искуство, а овие нови искуства ме направија уште посилен. Очекувам што побрзо да започне пролетната сезона и да почнам да играм во дресот на Шкендија“, истакна Хасани при потпишувањето на договорот.

Се вчитува...