Дамиен Лилард изминатата вечер стана само осмиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој ја надминал границата од 70 постигнати поени откако во победата од 131-114 против Хјустон реализираше 71 поен проследен со 6 скока и 6 асистенции.
View this post on Instagram
Неверојатна ноќ е и зад кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс кои на гостувањето кај Далас успеаја да запишат историја како единствен тим од 138 одиграни натпревари кој успеал да се врати во негатива од 27 поени на полувремето и да стигне до победа.
Одличниот старт на мечот на Дончиќ и соиграчите им донесе убедлива предност, но второто полувреме им припадна на Лејкерс. Клучна за победата беше изгубената топка на Ирвинг и Дончиќ на 12 секунди пред крајот на мечот па од линијата за слободни фрлања гостите само го заверија триумфот.
Со 30 поени и 15 скока, односно 28 поени и 8 скока Дејвис и Леброн го предводеа Лејкерс, додека 26 поени, 9 скока и 5 асистенции постигна Дончиќ.
Никола Јокиќ со нов трипл-дабл учинок донесе нова победа за Денвер, овој пат против Клиперс од 134-124 по продолжение. Србинот постигна 40 поени, 17 скока и 10 асистенции, а во спротивниот табор го следеше Ленард со 33 поени и 6 скока.
Во останатите натпревари:
Милвоки – Феникс 104-101
Атланта – Бруклин 129-127
Чикаго – Вашингтон 102-82
Кливленд – Торонто 118-93
Оклахома – Сакраменто 115-124
Голден Стејт – Минесота 109-104
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА