Вардар за малку од готово-вересија со Куманово, Охрид го доби езерското дерби

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар за малку ќе напревеше од готово вересија на гостувањето кај Куманово, но на крајот сепак славеше со 30-32.

Големиот фаворит одлично го отвори натпреварот и имаше предност од плус шест на полувреме 14-20. Сепак следуваше голем пад во играта на вардарци, а сето тоа го искористи Куманово во финишот да дојде на само минус еден 30-31. Вардар сепак го реализираше последниот напад и славеше со 30-32.

Во езерското дерби Охрид беше сигурен против Струга славејќи со 33-16, додека Тиквеш славеше над Бутел со 38-33.

Се вчитува...