Македонската атлетичарка Дарија Крстевска постави нов национален рекорд за младинки под 20 години во дисциплината 3000 метри стиплчез, на Купот на Македонија за младинци и младинки, кој изминатиот викенд се одржа во Велес.
Крстевска, која настапува за АК Олимп, ја заврши трката со резултат 12:09.33, со што за повеќе од десет секунди го подобри досегашниот младински национален рекорд од 12:19.8, поставен од Александра Митроска на 19 јуни 2010 година во Марса.
Новиот национален рекорд претставува уште еден значаен успех за младата македонска атлетичарка и потврда за нејзиниот континуиран напредок и успешните настапи во текот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
