Поранешниот фудбалер на Арсенал, Шахтјор Доњецк и на Динамо Загреб, Едуардо да Силва, потпиша договор со полскиот клуб Легија Варшава. Иако беше најавуван како ново засилување за Ријека, сепак, тој одлучи да ја прифати понудата на Легија и хрватскиот стратег Ромео Јозак.
„Го знам Едуардо да Силва од негови 15 години и сигурен сум дека доколку немаше тешка повреда во Арсенал, неговата кариера ќе беше уште поголема. Тој се уште е одличен фудбалер и верувам дека ќе биде големо засилување за Легија“, изјави тренерот Ромео Јозак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА