Камил Штох од Полска е победник на денешното натпреварување во Оберстдорф како дел од турнејата „Четири скокалници“ во скијачки скокови.
Штох, кој лани беше севкупен победник на ова натпреварување, денеска имаше извонреден втор скок од 137 метри, со што ги остави зад себе ривалите. Главниот конкурент, Германецот Ричард Фрајтаг, со скокови од 128,5 и од 127 метри, на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција, додека третопласиран беше уште еден полски натпреварувач, Давид Кубацки.
Второто натпреварување од „Четирите скокалници“ ќе се одржи во Гармиш Партенкирхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА