Словенија ќе го игра првото финале во својата историја кога вечерва ќе излезе на терен против селекцијата на Србија во завршниот натпревар од Евробаскет 2017. Многу работи во играта на Словенците ќе зависат од Лука Дончиќ, но иако има само 18 години новиот ас на светската кошарка тврди дека не чувствува никаков притисок во пресрет на ова финале.
„Уживам во текот на целото првенство, така ќе биде и вечерва. Нема зошто да постои притисок, сите треба да уживаат во она што го прават, тоа е единствениот пат до успехот. Нема да биде лесно, очекувам израмнет меч до самиот финиш, но ние ќе сториме се за да стигнеме до златото“ – истакна Дончиќ.
Гашпер Видмар ќе ја има тешката задача да се обиде да го запре српскиот џин во рекетот, Марјановиќ.
„Тој е навистина огромен, не треба да му дозволуваме да биде близу до обрачот, бидејќи таму е незапирлив, многу повисок од сите останати. Србија игра одлична кошарка, базирана на цврста одбрана и на лесно движење на топката, не се себични. Ова ќе биде вистинско финале“ – порача центарот на словенечата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА