И големиот По Гасол го величи Дончиќ: Тој ќе биде НБА ѕвезда!

Во пресрет на полуфиналниот дуел помеѓу Шпанија и Словенија, ѕвездата на „црвената фурија“ По Гасол, го пофали талентираниот кошаркар Лука Дончиќ, и му предвиде блескава иднина доколку продолжи со одличните настапи. Гасол вели дека со ова темпо, Дончиќ може да биде НБА ѕвезда во најмала рака.

„Момчето е неверојатно, има огромен талент, тоа го покажа со одличните настапи за неговата репрезентација во досегашните натпревари. Лука ги поседува сите квалитети на НБА ѕвезда, мислам дека не е далеку од таа цел. Со вакво темпо, Дончиќ наскоро ќе биде меѓу елитата во НБА“, истакна Гасол.

За 18-годишното момче ова се коментари од огромно значење, знаејќи дека пофалните зборови се од великан како Гасол, кој знае како е да се биде „голем“ во најсилната кошаркарска лига во светот.

Се вчитува...