Барсегјан: Во Скопје можеме да победиме секого, зошто не и Зенит

Македонскиот првак Вардар го очекува својот дебитантски настап во групната фаза од Лигата на Европа. В четврток „црвено-црните“ ќе го пречекаат рускиот клуб Зенит, а напаѓачот Тигран Барсегјан вели дека Вардар на домашен терен може да победи секого, па дури и рускиот гигант.

„Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат. Повеќе публика, тоа подобро за нас. Тие се нашиот 12-ти играч, ни даваат мотив да играме и да се претставиме во најдобро издание. Ние ќе им се оддолжиме со максимална игра и се надевам на крајот со победа“, изјави ерменскиот напаѓач, Тигран Барсегјан.

Се вчитува...