Поранешниот младински фудбалски репрезентативец Самир Фазли е ново засилување за хрватскиот прволигаш Рудеш. Тој во последниот ден од летниот преоден рок потпиша за новиот член на елитата во Хрватска, со надеж дека ќе му помогне да има успешна сезона. Фазли, кој сега има 26 години, во минатото важеше за исклучителен талент. Тој е напаѓач кој не успеа до крај да го развие својот талент, но се уште е доволно млад за да направи успешна кариера.
Тој ја почна својата кариера во Македонија ЃП, а потоа направи трансфер во холандскиот клуб Херенвен. Една сезона мина како позајмен и во второлигашот Хелмонд, а од 2014 година играше за швајцарскиот второлигаш Вил. Сега пред себе има нов предизвик, за докажување во хрватското првенство, каде со успех играат повеќемина македонски фудбалски интернационалци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА