Македонскиот прволигаш Работнички го претстави своето последно засилување, Нигериецот Чарлс Гофри. Во последниот ден од летниот преоден рок „романтичарите“ го комплетираа трансферот на овој нигериски интернационалец. Се работи за 19-годишен напаѓач кој потпиша едногодишен договор со Работнички, а доаѓа од албанскиот прволигаш Скендербег.
Гофри веќе се приклучи во работата со тимот на Виктор Треневски и треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија.
Работнички в недела, во рамките на четвртото коло од новата сезона во Првата лига, го очекува дуел на Чаир против Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА